mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Уште два града во САД одлучија да се префрлат на 100 отсто обновлива енергија

Уште два града во САД одлучија да се префрлат на 100 отсто обновлива енергија

Типографија

Пуебла во Колорадо и Моав во Јута неодамна станаа 22 и 23 по ред градови во САД кои сакаат да преминат на 100 отсто обновлива енергија.

Овие два града стануваат дел од растечкото движење да бидат без фосилни горива и кои тежнеат кон одржлива и здрава алтернатива, со повеќе економска безбедност и просперитет.

Општинскиот совет на Пуебла има изгласано мерка со која е предвидено по 2035 година енергијата да доаѓа од обновливи извори, вклучувајќи ветерна и сончева енергија. Исто така и градскиот совет на Моав има одобрено резолуција за 100 отсто енергија од обновливи извори од 2032 година

Според Мајкл Бруно, извршен директор на „Сиера клуб“, овој тренд за чиста енергија ќе продолжи да се развива и расте, бидејќи се повеќе градови ќе продолжат во таа насока.

Една од причините за овој храбар чекор на локалната власт е дека градовите како Пуебла и Моав одамна се борат со последиците од фосилни горива, штетата нанесена на животната средина и трошоците кои плаќаат за нив. Граѓаните во Пуебла плаќале повисоки трошоци за електрична енергија, додека во Јута националниот парк Земја на кањоните е загрозен од загадување поради две соседни централи на јаглен кои влијаат на локалната туристичка индустрија во Моав.

Кален Џонс од градскиот совет посочува дека како мотив за гласањето ангажман за преминување кон обновлива енергија и потребата од справување со последиците од климатските промени.

  • Зголемувањето на температурите, намалувањето на пристапот до вода, економската нестабилност, како и други влијанија ги загрозуваат нашите жители и значително ги ограничуваат економските можности на градот. Тоа е императив Моав да преземе мерки за да ја заштитиме обштината и истовремено да ги прошириме хоризонтите за локалната економија - вели Џонс.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет