mksqen

Дождовите ја спасија Калифорнија од долгогодишната суша

Дождовите ја спасија Калифорнија од долгогодишната суша

Типографија

Сушата во Калифорнија е значително намалена по неколкумесечните силни врнежи од дожд и од снег во оваа американска држава, и сега само 17 проценти од неа се суши, соопштиле властите.

Неделниот извештај на Националниот центар за справување со суши укажал дека неколку области во Јужна Калифорнија остануваат во состојба на суша. Тоа е значително подобрување од истиот период минатата година, кога во 94 проценти од Калифорнија била прогласена суша, а во најпогодените области исклучителна суша.

Силните дождови оваа година направија штета во некои делови, а најдраматично беше оштетувањето на браната Оровил кај Сакраменто, поради која имаше масовни евакуации. Но водните резервоари, кои беа значително пресушени во изминатите години, повторно се полнат, а ридовите добиле зелена боја каква што немале цели пет години. Снегот на планините Сиера Невада го заживеал зимскиот туризам во овој регион. Неговото топење се очекува да обезбеди доволно вода за сушниот период во Калифорнија летово.

Центарот за справување со суши истакнал дека 83 проценти од Калифорнија се без суша, иако 38 отсто се прогласени за натпросечно суви. Екстремна суша, пак, во моментов нема во ниеден дел од државата, за разлика од лани кога 61 отсто од Калифорнија била во таква состојба.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет