Европската популација на скакулци и штурци е загрозена, односно една четвртина од тие инсекти е соочена со изумирање, се наведува во првата сеопфатна проценка од таков вид.
Според податоци на Меѓународниот сојуз за зачувување на природата (IUCN) тој вид инсекти се најзагрозени од сите досега надгледувани во Европа. Европа е „дом“ за повеќе од илјада видови скакулци и штурци кои се важен извор на храна за птици, и нивното исчезнување би можело да го загрози целиот еко-систем.
Живеалиштата на скакулците и штурците се загрозени од пожари, интензивна агрокултура и развој на туризам.
- Доколку не почнеме веднаш да дејствуваме, звукот на штурците може да биде минато - изјави Жан Кристофер Вие, заменик директор на Програмата за глобални видови во IUCN.