mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Расте пазарот на органски производи во Европа

Расте пазарот на органски производи во Европа

Типографија

Пазарот за органски производи во Европа продолжува да расте и во 2015 година, според конечните податоци, се зголемил за 13 отсто, односно на околу 30 милијарди евра, и пазарот на овие производи во ЕУ е во вредност од малку повеќе од 27 милијарди долари.

Германскиот пазар за органски производи е највисок во Европа и достигна вредност од 8,6 милијарди евра. Во Франција е 5,5 милијарди долари, Велика Британија со 2,6 милијарди и Италија со 2,3 милијарди долари.

Првите бројки за 2016 година покажуваат дека пазарот продолжува да се засилува, а Германија во таа година достигна 9,5 милијарди евра. Инаку, Германија е втор по големина пазар за органски производи во светот после САД.

Секоја година европските потрошувачи се трошат повеќе на органска храна, во просек, 36 евра на европско ниво и 54 евра на ниво на ЕУ.

Нјмногу на органска храна трошат швајцарците и тоа 262 евра по глава на жител, по што следи Данска со 191 и Шведска со 177 евра.

Во девет европски земји најмалку 10 проценти од земјоделското земјиште е под органско производство, а најголем дел од ова производство е во Лихтенштајн 30 отсто, Австрија 21 и Шведска 17 отсто.

Во Европа работат речиси 350 илјади органски производители.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет