Нуклеарната електрана Кршко автоматски запре со работа поради мали проблеми кои наскоро ќе бидат отстранети.
Електраната ќе биде пуштена повторно во работа најверојатно утре, јавија словенечки медиуми.
Автоматското исклучување е предизвикано од неисправен вентил за регулација на довод на вода што се наоѓа вон реакторот.
Од прекинот на работата нема никакви последици за околината, соопштија од електраната Кршко.