Индонезиската провинција Аче ја погодија два земјотреси, при кои девет лица се повредени во дистриктот Триангаденг и оштетени се две куќи во дистриктот Пиди Џаја, во близина на епицентарот.
Земјотресите биле со јачина од 5,1 и 5,6 степени според Рихотеровата скала.
Земјотресите во Индонезија се многу честа појава.
Земјотреси биле регистрирани и во близина на грчките острови Лезбос и на Крит.
Земјотресот во близина на Лезбос бил се интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала, додека во околината на Крит бил со магнитуда од 4,5 степени и бил почувствуван во градот Ираклион.
Епицентарот на првиот земјотрес бил во морето на 64 километри северозападно од Лезбос, а вториот на 36 километри југоисточно од градот Тимбаки.