Бројот на кралските пеперутки во Мексико, каде овој инсект ја поминува зимата, оваа година е опаднат за 27 отсто.
Ова го сооптија мексиканските стручњаци и претставници на невладините организации. Стручњаците наведуваат дека е се помала миграцијата на овие пепрутки од САД и Канада како последица на природните несреќи во кои е уништено повеќе од 40 хектари шума во нивното зимско живеалиште во централно Мексико.
Пеперутката монарх во есен прелетува 5,5 илјади километри од САД и Канада до Мексико каде во шумитезападно од градот Мексико се групираат по илјадници пеперутки на дрвата.
Намалувањето на нивниот број е последица и на тоа што нивното живеалиште во Мексико исчезнува и поради нелегалната сеча на дрвата, а влијание има и промената на климата. Се смета дека причина за нивното исчезнување е и тоа што едногодишните билки со чиј сок се храната пеперутките и пчелите, ги снемува пред генетки модифицираните посеви и ширењето на градовите во САД и Канада.
Стручњаците проценуваат дека околу 6,2 милиони пеперутки се уништени во невремето во март минатата година, што е 7,4 отсто од инсектите кои презимуваат во Мексико.
Миграцијата кај пеперутките монарх е наследна особина. Ниту една пеперутка не живее долго за да го направи патувањето во двата правци, но не е јасно како го паметат патот до истиот дел од шумата и како само секоја трета генерација е подготвена да прелета повеќе километри.