Научниците прогнозираат дека за околу 5.000 години ќе исчезне целиот мраз на Земјата што ќе влијае на зголемување на нивото на морињата за дури 66 метри. Како во тој случај ќе изгледаат континентите, кои ќе исчезнат, а кои ќе поминат речиси без последици?
Што би се случило ако мразот на планетата се стопи и се влее во морето? Нивото на морето би се покачило за 66 метри со создавање на нови брегови за нашите континенти и внатрешноста на морињата.
Постојат повеќе од пет милиони кубни милји мраз на Земјата, а некои научници сметаат дека целиот мраз ќе се стопи за околу пет илјади години. Со овој процес сме на сигурен пат дека ќе живееме на планета без мраз со просечни температури од 27 степени Целзиусови, наместо моменталните 14, пишува Национална Географија.
Како би изгледал секој континент без мраз.
Северна Америка: Целиот Атлански брег би исчезнал, заедно со Флорида и брегот со кој јужниот дел на САД се сретнува со Мексиканскиот Залив. Сан Франциско би станал збир на острови, а Централната калифорниска долина големо пристаниште. Калифорнискиот залив би се проширил кон север до Сан Диего кој нема да постои.
Јужна Америка: Басенот на реката Амазон на север и басенот на реката Парагвај на југ би станале залив на Атлантикот, што би довело до исчезнување на Буенос Аирес, Уругвај и поголемиот дел од Парагвај. Планинсите делови би можеле да преживеат заедно со карипскиот брег и Централна Америка.
Африка: Во споредба со другите континенти, Африка би изгубила многу помалку земја од оваа катастрофа и покачувањето на нивото на светското море, но би се покачила топлината на Земјата која би ја направило не многу пријатна за живот. Египет, Александрија и Каиро би биле претворени во мочуришта со налетот на Средоземното море.
Европа: Лондон? Спомен! Венеција? Поплавена од Јадранското Море. Кога би се стопил мразот, би исчезнале и Холандија и поголем дел од Данска. Во меѓувреме, зголеменото ниво на Средоземното Море исто така би го наполнило и Црвеното Море и Каспиското езеро.
Азија: Земјата во која живеат 600 милиони Кинези би била поплавена, како и Бангладеш со своите 160 милиони жители, а исто така би исчезнал и крајбрежниот дел на Индија. Поплавувањето на делтата Меконг би ги оставило планините Кардамом во Камбоџа насукани како остров.
Австралија: Со оглед на тоа дека поголем дел од Австралија ја сочинуваат пустини, овој континент би добил ново море во самиот центар, но би изгубил добар дел од крајбрежниот регион каде денес живее најголемиот дел од популацијата (4 од 5 Австралијци).
Источен Антарктик: Мразот на источниот Антарктик е толку голем (соджи четири петини од наносите на мраз на Земјата), што може се чини невозможно негово топење, бидејќи и порано преживеал топли периоди без последици. Во последно време глобалното затоплување влијае и на овој дел од планетата. Потоплата атмосфера содржи повеже водена пареа, која паѓа како снег на источен Антарктик. Меѓутоа, дури и овој гигант тешко би го преживеал враќањето на еоценската клима.
Западен Антарктик: Како Гренланд и западниот дел на Антарктикот очигледно е помал поради глобалното затоплување. Загревањето на океанот ја топи покривката од мраз во долниот дел, предизвикувајќи колапс. Од 1992 година во просек во овој дел на планетата се губат 65 милиони тони мраз годишно.
Како би изгледал светот ако се стопи целиот мраз
Типографија
- Font Size
- Default
- Режим читање