Во заштитната обвивка на Вториот реактор од јапонската АЕЦ „Фукушима 1“ повторно е измерено рекордно ниво на радијација.
Во оваа јапонска атомска централа по земјотресот и цунамито од март 2011 година се случи една од најтешките нуклеарни хаварии во светот.
Информацијата ја лиферува операторот на централата „Токио електрик пауер“ (ТЕПКО).
Станува збор за нов вид на мерење, што досега не можеше да се изведе од технички причини, и покрај тоа што од несреќата изминаа приближно шест години.
Податоците овозможуваат да се утврди подобра состојба на внатрешноста на реакторот, но тие резултати не покажуваат дека во последните денови е дојдено до влошување на ситуацијата.
Според ТЕПКО, радиоактивноста во најмалку еден дел на безбедносниот изолатор на Вториот реактор достигнала 650 сиверти на час - ниво на радијација кое значи дека човек без заштитно одело таму може да загине за околу 30 секунди.
Компанијата минатата недела соопшти дека во истиот реактор е измерено рекордно ниво на радијација од 530 сиверти на час. Разликата, меѓутоа, не означува зголемување на нивото, туку покажува дека оценката се менува во зависност од местото на изведување на мерењето и употребуваните технички средства. И во двата случаја е можно преценување на реалното ниво на радијација до 30 отсто, забележува енергетската компанија.