Најпознатиот американски мрмот Фил излезе во раните утрински часови од неговата дупка во Пенсилванија, ја виде својата сенка и според верувањето, „прогнозира“ уште шест недели зима за жителите на Северна Америка.
На секој 2 февруари од 1887 година во Гоблерс Ноб во американската сојузна држава Пенсилванија се собираат луѓе очекувајќи Фил да „прогнозира“ дали ќе има уште зима или доаѓа пролетта.
Легендата и обичаите велат, ако овој ден е сончев, Фил ја гледа својата сенка кога излегува, па жителите на Северна Америка очекуваат уште шест недели остра зима. Во спротивно, пролетта ќе пристигне порано.
Според податоците кои сепак не се сочувани за сите 130 години, мрмотот 103 пати има „предвидено“ дека зимата ќе трае уште, а 18 пати, вклучувајќи ја и минатата година, дека брзо ќе заврши.
- Ако се верува на Фил, кој сепак може да греши, оваа година зимата ќе трае - смета локалното население.
На ридот на Гоблерс Нобу, 105 километри североисточно од Питсбург, секоја година се собираат неколку илјади љубопитни луѓе кои чекаат Фил да го „прогнозира“ времето. Локалните власти и покрај ладното време дојдоа да го видат Фил, организирале музичка забава и огномет инспириран од филмот „Ѕвездени патеки“.
Обичајот во САД го донеса Германците кај кои прогнозата ја правел јазовец. Потомоците на Холанѓаните во Пенсилванија, јазовците ги замениле мрмотите кои биле помногубројни во тој дел на САД.
Денот на мрмотот стана планетарно популарен кога се сними истоимениот фил со Бил Мари во улога на човекот кој додека како репортер известува за Фил, непрекинато го преживува истиот ден.