mksqen
23
Пет, Мај
0 Нови / 7 дена

Британските села ќе користат повеќе соларна енергија

Британските села ќе користат повеќе соларна енергија

Типографија

Жителите на селата во Северна Англија наскоро може да ги намалат своите трошоци за електрична енергија до 50 проценти со пилот-проектот што ќе им овозможи постојано да користат соларна енергија.

Со пробната фаза на проектот, која чини 250 илјади фунти, се опфатени 40 куќи од селото Окспринг, 19 километри северно од градот Шефилд. Тие ќе бидат поврзани во „виртуелна електроцентрала“ и ќе користат батерии во домовите за да ја собираат енергијата од сонцето преку соларни панели.

Без батерии, сончевата енергија може да се користи само преку ден. Во сончевите денови се создава големо количество енергија, но има мала потрошувачка, па вишокот мора да се пренесе во електричната мрежа. Ова предизвикува проблеми во местата каде што има постара електрична мрежа која не може да ги издржи овие вишоци без скапи надградби. Поради тоа морал да се ограничува бројот на домаќинства што ќе користат соларни панели.

Но со овој проект, кој го спроведува дистрибутивната компанија Нортерн Пауергрид, за првпат се анализира дали преку поврзувањето на батериите меѓу повеќе домаќинства може да им се овозможи на повеќе семејства да користат соларни панели без да мора да се надгради електродистрибутивната мрежа.

  • Батериите ќе имаат клучна улога во паметните енергетски системи во иднина, одржувајќи ги трошоците за корисниците ниски и овозможувајќи им на електродистрибутивните мрежи да поддржат поголема концентрација на соларна енергија - вели Ендру Спенсер, експерт за системи од Нортерн Пауергрид.

Соларните панели, порачуваат од компанијата, можат да ги намалат сметките за струја за 30 проценти, а ако се употребуваат со батерии, што ќе овозможи сончевата енергија да се користи и ноќе, заштедата може да се зголеми до 50 проценти. Со тоа се очекува да се намали потребата од производството на струја од јаглен, нафта и гас. Првите батерии во Окспринг ќе бидат поставени кон крајот на месецов.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет