mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Бара во Конго содржи јаглерод диоксид колку што цела Америка испушта за 20 години

Бара во Конго содржи јаглерод диоксид колку што цела Америка испушта за 20 години

Типографија

Научници откриле мочуриште во Конго кое содржи 30 милијарди тони јаглерод диоксид, што е еднакво на 20-годишните емисии на САД, и поради тоа мора да се заштити за да се спречи поголема штета по животната средина.

Научните тимови од Велика Британија и од Конго, кои го пронашле мочуриштето уште во 2014 година тоа е најголемото тропско мочуриште познато досега. Во него живеат ретки горила и шумски слонови. Научниците сметаат дека човеково влијание во ова место може да го ослободи заробениот гас, што би нанело катастрофални последици врз планетата.

  • Овој вид мочуришта можат да помогнат во борбата против климатските промени само ако се остават негибнати. Затоа, одржувањето големи количества јаглерод диоксид заробен во нив треба да биде приоритет - вели екологот Сајмон Луис од Универзитето во Лидс, еден од авторите на студијата.

Бидејќи оваа локација е во многу далечен регион, во неа досега немало никакви човекови активности. Но научниците предупредуваат дека слични области веќе биле загрозени во Индонезија, поради ширењето на земјоделските површини.

  • Во Југоисточна Азија веќе видовме дека области што порано беа далечни и негибнати, сега се пресушуваат и се претвораат во плантажи за палмино масло, ориз, и за други видови индустриско земјоделство - додава Луис.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет