mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Џиновски видри живееле во Кина

Џиновски видри живееле во Кина

Типографија

Џиновски видри, тешки и големи колку волци, со силни вилици, живееле во праисториско време во Кина.

Нивните фосилни остатоци, откриени во земјата, даваат ново светло на еволуцијата на цицачите.

Фосилот на животното е најден во покраината Јунан, во југозападниот дел на Кина. Најдени биле целиот череп, заби, долна вилица и други коски. Археолозите тие коски ги имаат најдено во 2010 година во еден рудник за јаглен.  Тие утврдиле дека тој цицач живеел пред шест милиони години и дека бил тежок околу 50 килограми што е повеќе од тежината на денешните видри.

Овој пронајдок може да им помогне на научниците да ја реконструираат историјата на еволуција  на ласиците, семејство на цицачи во кои спаѓаат и видрите.  
Моќните вилици и големите заби веројатно му користеле на тоа древно животно да ги дроби големите школки или другите слатководни мекотели.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет