Американскиот претседател Доналд Трамп планира да потпише два указа со кои се овозможува изградба на два оспорувани нафтоводи - Кистоун и Дакота Аксес.
Овој потег на Трамп доаѓа по протестите на екологистите и локални индијански групи во Северна Дакота против нафтоводот Дакота Аксес кој е во вредност од 3,8 милијарди долари на Енерџи Трансфер Партнерс. Властите одлучија да истражуваат други правци за нафтоводот во Дакота поради масовните протести на американските Индијанци.
Во мандатот на поранешниот претседател на САД Барак Обама нафтоводот Кистоун Транс Канада беше отфрлен во 2015 година по кампањата на екологистите против проектот повеќе од седум години. Идејата е нафтоводот да пренесува сурова нафта од Канада. Компанијата Транс Канада одбила да коментира.
Оваа одлука на Трамп ќе биде добро примена од нафтениот бизнис, кој во моментов е загрижен од ограничениот капацитет на нафтоводите на пазарот на нафта.
Еколошките групи реагираа со негодување на веста и веќе излегуваат на социјалните мрежи со барања. Тие најавуваат ќе направат се што е можно за да ги запрат двата нафтоводи.
Планираниот нафтовод Дакота Аксес ќе бидe долг 1.770 километри од Северна Дакота до Илиноис.
Кистоун ќе го пренесува канадскиот нафтен песок во гасоводот долг 1.179 милји од Алберта до Тексас.