mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Јапонија под снег, повеќе возила завеани

Јапонија под снег, повеќе возила завеани

Типографија

Јапонски војници биле повикани да им помогнат на околу 280 автомобили блокирани од снежни наноси во западниот дел од Јапонија. Според јапонски медиуми, возилата се завеани во префектурата Тотори.

Две лица се хоспитализирани.

Јапонски метеоролози најавија нови врнежи од снег и можни тешкотии во одвивањето на сообраќајот.

Голем дел од Јапонија е со температури под нулата, меѓу кои и Токио и западниот град Хирошима. На северниот остров Хокаидо измерени се минус 32,8 степени Целзиусови, најниски оваа зима. Во Сапоро, административен центар на островот температурата е минус 12,8 степени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет

This module can not work without the AcyMailing Component