mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Париз го забранува движењето на старите автомобили

Париз го забранува движењето на старите автомобили

Типографија

Француските градови Париз и Лион го тестираа новиот метод за ограничување на патниот сообраќај, забранувајќи го движењето на најголемите автомобилски загадувачи, откако тие се исправени пред нова криза со загадување на воздухот.

Во Париз и регионот нема да се движат автомобилите произведени пред 2001 година. Од средината на овој месец сите автомобили што сакаат да се движат во француската престолнина треба да имаат вињетка што докажува дека не исфрлаат загадувачки материи (микрочестички и азотни оксиди).

Во Лион, пак, во сила влезе двојниот систем за ограничување на движењето, што се темели на вињетки и броеви. Од 4 часот вчера не можат да се движат автомобилите со парни броеви, освен оние што поседуваат зелена вињетка за нулта загадување или им припаѓаат на определени категории специјални возила. Властите го поттикнуваат трендот во авгтомобилите да има повеќе од еден патник, иако предлагаат и специјална отстапка.

Во другите француски  градови, како Гренобл, Бордо и особено загадените западни француски градови, брзината на движење по големите патишта е ограничена до 70 километри на час место до 90 или 110 километри на час.

Исто како во декември минатата година, во последните неколку дена Франција регистрира висока концентрација на микрочестички, што се должи на комбинацијата од антициклон и немање ветрови, забележуваат француските медиуми.

На почетокот на минатиот месец во Париз и во северна Франција беше регистриран пик во загадувањето, чие траење и интензивност беа највисоки во последните 10 години.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет