mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Мал жолт молец именуван по Доналд Трамп

Мал жолт молец именуван по Доналд Трамп

Типографија

Мал молец со бледожолта боја бил именуван по новиот претседател на САД Доналд Трамп, поради неговата карактеристична фризура.

Овој новооткриен вид молец, регистриран со името Neopalpa donaldtrumpi, живее во јужните делови на американската држава Калифорнија и во мексиканската држава Баха Калифорнија. Името му го дал биологот Вазрик Назари во натпис објавен во научното списание Зукис. Возрасните примероци од овој молец можеле да се забележат по бледожолтите влакненца.

  • Причината поради која се избра ова име е да се привлече поголемо внимание од јавноста кон потребата да продолжи заштитата на ранливите природни живеалишта во САД, каде што се уште има многу неоткриени видови - додал Назари.

Доналд Трамп нема да биде прв претседател по кој е именуван животински вид. Пред еден месец вид риба што живее во коралните гребени северозападно од Хаваи била именувана по претходниот претседател Барак Обама, како знак на благодарност за неговите напори да го заштити ова подрачје.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет