mksqen

Министрите за земјоделство на Г20 бараат заштита на изворите на вода

Министрите за земјоделство на Г20 бараат заштита на изворите на вода

Типографија

Потребен е поголем напор за да се заштитат скапоцените извори за вода во светот и да се зголеми безбедноста на производството на храна, се согласиле министрите за земјоделство на групата 20 водечки економии во светот, Г20.

  • Посветени сме на наоѓање решенија што ќе ја подобрат одржливоста на користењето на водата во земјоделството и во производството на храна, во согласност со нашите заеднички трговски обврски - порачале тие во заедничка изјава по состанокот во Берлин.

Климатските промени, растот на светското население и зголемениот интерес за индустријализација вршат голем притисок врз светските резерви за вода, а последици од тоа се чувствуваат и во сиромашните и во богатите држави, додале тие. Организацијта за храна и земјоделство на Обединетите Нации во декември предупреди дека 12 милиони луѓе во Етиопија, Кенија и во Сомалија немаат доволно храна бидејќи земјоделците не можат да се справат со последиците од последователната суша, што ја натерало Етиопија да увезе големо количество пченица. Саудиска Арабија исто така го запира земјоделското производство на својата територија и увезува храна, за да ја заштеди водата.

  • Ќе ги заштитиме водните екосистеми со поттикнување процеси во земјоделството што се одржливи и со развој на технологии што го подобруваат квалитетот на водата и отпорноста на водните тела - се додава во изјавата од министрите на Г20.

Германскиот министер за земјоделство Кристијан Шмит, како домаќин на состанокот, рекол дека светското земјоделство има потреба од одржливи водни ресурси за да може да се прехрани растечкото светско население и да се обезбеди основа за светски мир и стабилност.

  • Земјоделството е дел од светските безбедносни политики - додал тој.

Министрите од Г20 се договориле и да се борат против болестите кај животните, но да го спречат непотребното користење на антибиотиците во сточарството.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет