mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Околу њујоршките аеродроми убиени 70 илјади птици

Околу њујоршките аеродроми убиени 70 илјади птици

Типографија

По „чудото на Хадсон“, кога пилот успеа да го слета својот оштетен авион во реката Хадсон во Њујорк и да ги спаси сите патници, се вовеле програми за отстранување на опасноста од птиците околу главните њујоршки аеродроми.

Во 2009 година, непосредно по полетувањето, авионот налетал на јато птици кои го оштетиле моторот, но пилотот спречи катастрофа со тоа што го насочи во реката. Оттогаш, птиците плаќаат со своите животи за овој инцидент.

Анализа на агенцијата Асошиејтед прес покажала дек оттогаш, за осум години, околу трите главни аеродроми на Њујорк биле убиени речиси 70 илјади птици, галеби, гуски и други. Тие најчесто се застрелуваат или се фаќаат во замки. Но, како што се вели во анализата, нема показатели дека тоа го направило небото побезбедно. Всушност, бројот на регистрирани случаи на птици што удриле во авиони на аеродромите Њуарк и Ла Гардија не само што не се намалил, туку се зголемил од 158 удари годишно во просек пред инцидентот, на 266 по него. Сликата не била многу различна ниту на аеродромот Кенеди, кој се наоѓал среде миграциска патека на птиците.

Борците за заштита на природата велат дека поради ова мора да се најде друг, поефикасен начин за да се спречат инцидентите.

  • Мора да има долгорочно решение што нема да подразбира убивање на толку многу птици, но истовремено ќе ја зголеми безбедноста на летовите - вели Џефри Крејмер од организацијата Гусвоч Њујорк, додавајќи дека подобри радарски системи со кои ќе се следат проблематичните јата би можеле да имаат поголем придонес во заштитата.

Од управата на аеродромите, пак, се уверени дека придонеле за поголема безбедност со програмите за убивање птици, а нивниот главен аргумент е дека по 2009 година немало поголем инцидент.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет