mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Пазарот за свеж зеленчук е во колапс

Пазарот за свеж зеленчук е во колапс

Типографија

Комбинацијата од поплави и студ во Шпанија и Италија го потресуваат пазарот на свеж зеленчук во Европа поттикнувајќи понатамошен раст на и онака скапите производи.

  • Поради поплави во Мурсија, југоисточен регион на Шпанија, во комбинација со студ во Италија, многу градинарски култури како што се зелената салата и брокулите се речиси уништени. Пиперките и модриот домат исто така - вели Тим О'Мали, генерален директор на Нашнвајд Продјус, најголем британски дистрибутер за свеж зеленчук.

Мурсија која според проценки произведува 80 отсто свежи производи за европскиот пазар во текот на зимските месеци, неодамна беше погодена од поплави какви немало во изминатите 30 години.

  • Ситуацијата е толку лоша што некои се приморани да увезуваат салата од САД, што досега е незабележан случај - додава О’Мали. Според него, и Италија која обично во овој период од годината извезува зеленчук, овие денови мора да го увезува.

Проблемите на пазарот посебно ги загрижува државите од северна Европа како Британија која увезува 50 отсто зеленчук и 90 отсто овошје.

  • Тоа ќе влијае на цените и достапноста на зелечокот - вели О’Мали и тврди дека во опасност се и културите за берба во 2017 година што се засадени во декември.

Ваков развој на случувањата на пазарот е без преседан.

  • Има драматична штета не само во Мурсија туку и во Андалузија и Валенсија. А, на сето тоа се надворзаа и снежните врнежи во Италија - вели Филип Бинард од европското Здужение на производители на свеж зеленчук со седиште во Брисел.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет