Голем број американски граѓани биле заинтересирани да посвојат кучиња од фармите во Јужна Кореа, каде што се одгледуваат за да бидат изедени, велат активистите на организацијата ХСИ.
- Кога ќе ги подготвиме за посвојување, веќе има редици пред стационарите во САД, бидејќи луѓето се привлечени од тажната приказна за овие кучиња - вели Ендру Пламби од ХСИ.
Од фарма во градот Вонџу се спасени десет кучиња. Вкупно се чуваат 200 кучиња, но и тие ќе бидат одлободени. Поради ограничениот капацитет во авионскиот сообраќај, ќе бидат потребни две недели за сите животни да се пренесат во САД. Тоа е шестата фарма што се затвора со помош на ХСИ и чии кучиња се даваат на посвојување од 2015 наваму. Затворањето следува по шест месеци преговори, медицински прегледи и вакцинација.
Таму нема никаква хигиена, вели Пламби. Изметот на кучињата паѓал под нивните кафези, тие биле оставени изложени на секакви временски услови, и биле хранети еднаш дневно. Сопственикот, кој со овој бизнис се занимавал 30 години, изјавил дека се откажува поради лошото здравје.
Во Јужна Кореја се помалку се јаде кучешко месо, и тоа главно од повозрасните луѓе, а кучињата стануваат популарни домашни миленичиња. Сепак, според ХСИ, има околу 17 илјади кучешки фарми низ земјата. Организацијата се надева дека владата ќе го забрани одгледувањето кучиња за месо во пресрет на Зимските олимписки игри во 2018 година, што ќе се одржат во земјата. Неодамна градоначалникот на градот Сеонгнам, Ли Јае-мијунг, кој се кандидира за претседател, наредил да се затвори одделот за кучешко месо во еден голем супермаркет во градот. Наместо кучешко, таму ќе се продава морска храна.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS