mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Холандските возови возат само на ветер

Холандските возови возат само на ветер

Типографија

Сите електрични возови во Холандија се снабдуваат со енергија од ветрот, соопштила државната железничка компанија НС.

  • Од први јануари, нашите возови возат стопроцентно на ветер - вели портпаролот Тон Бун.

Холандската енергетска компанија Енеко го извршила технолошкото приспособување на возовите за да ја користат оваа енергија. Според 10-годишниот договор што железницата и компанијата го потпишале по тендерот, јануари 2018 година бил определен како датум кога треба да се изврши работата.

  • Ова значи дека ја постигнавме целта една година порано од планираното - изјавил Бун, додавајќи дека за тоа помогнало зголемувањето на бројот на ветерни фарми во Холандија и во морето покрај холандскиот брег.

Енеко и НС во заедничко соопштение истакнале дека деновиве возовите ги користат по околу 600.000 патници дневно, кои се први во светот што патуваат со енергијата на ветрот. Според нив, работата на една ветерница од еден час може да обезбеди доволно енергија за возот да се движи 180 километри. До 2020 година компаниите планираат да ја намалат енергијата што се користи по патник за 35 отсто во споредба со 2005.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет