Првиот брод кој е на обновлива енергија се подготвува на пролет да тргне на шестгодишна пловидба околу светот.
Бродот „Енерџи Обсервер“, катамаран претворен во зелено пловило, опремен е со соларни панели, турбини на ветер и горивни ќелии кои произведуваат водород.
Бродот вреден пет милиони евра се наоѓа во бродоградилиштето во Сен Малоу во Северна Франција, од каде ќе тргне на пат околу светот насловен како „Одисеја за иднината“.
Во текот на патувањето кое ќе трае шест години прво ќе доплови до Париз, а потоа по светските океани и мориња до 101 пристаниште и 50 земји.
Францускиот еколог Николас Хулот вели дека бродот ќе демонстрира многу решенија за „енергетска транзиција“, а сите тие решенија се наоѓаат во природата.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS