Јужноафриканската полиција соопштила дека ловокрадците имаат обезглавено три лава и им ги отсекле шепите најверојатно заради употреба во традиционалната медицина.
Во регионот на ловиштето Лимпопо лавовите прво биле нахранети со отровно месо, а потоа се измасакрирани. За да дојдат до паркот со лавовите ловокрадците имаат исечено три огради.
Традиционалните исцелители се подготвени да плата висока цена за вакви ретки состојки.
Сопственикот на ловиштето вели дека за шест месеци ова е втор пат неговиот парк да биде мета на ловокрадци.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS