Како и многу други луѓе во светот, едно московско семејство решило за домашно милениче да чува мачка. Но голема, дива мачка, евроазиски рис.
Рисот, со едноставно име Риско, живее во стан во Москва, во кој се движи слободно заедно со членовите на семејството и нивното дете. Александар, неговиот сопственик, го купил од фарма за крзно, и со тоа му го спасил животот. Ако не бил тој, Риско денес ќе бил шапка.
За среќа рисот завршил на безбедно и сега е атракција за целото соседство, особено кога рика навечер.