Невремето проследено со поројни дождови, силен ветар и снег, погоди делови од Англија поради што се откажани летови, затворени се училишта, а сообраќајот се одвива отежнато.
Ширум Велика Британија се објавени 100 предупредувања за поплави од кои 11 на највисоко ниво.
Во северните и источните делови од Англија и понатаму беснее невреме, а во западните се очекува снег.
Предупредување за бура има во Англија. Шкотска, Велс и Северна Ирска.