mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Ралф Лорен нема да користи материјали поради кои се уништуваат шуми

Ралф Лорен нема да користи материјали поради кои се уништуваат шуми

Типографија

Светскиот моден гигант Ралф Лорен планира да го следи потеклото на материјалите што ги користи во производството на облека, за да се осигура дека тие не потекнуваат од региони каде што се уништуваат шумите или се нарушуваат човековите права.

Растот на цената на памукот предизвика зголемена побарувачка на ткаенини од дрвно потекло, како вискоза и други, но тоа со себе повлекува обесшумување и одземање на земјиштата на домородните заедници во светот, соопшти Мрежата за акција за заштита на дождовните шуми.

Ралф Лорен всушност се придружи на поголем број компании од модната индустрија што веќе се заложија да го контролираат својот синџир на набавка на материјали и да ги воспостават системите за контрола до крајот на годинава. Кампањата на Мрежата за дождовните шуми за да се информира населението за последиците од користењето ткаенини од дрво предизвика повеќето американски брендови да ја зајакнат својата контрола.

Од организацијата соопштија дека ќе објават насоки за алтернативни набавки, како дел од иницијативата да се отстрани влијанието на модната индустрија врз опустошувањето на шумите и нарушувањето на правата на домородците.

  • Оваа иницијатива ја покажува одлучноста на Ралф Лорен за заштита на животната средина преку одговорни набавки, и веруваме дека тоа ќе има позитивен ефект на екосистемите и на заедниците низ светот - изјавила Халиде Алагоз, шефица на одделот за набавки на Ралф Лорен.

Во креации на овој бренд на црвениот тепих се појавиле актерите Гвинет Полтроу, Пенелопи Круз и Џони Деп, а негова облека носеше и претседателската кандидатка Хилари Клинтон на трите дебати во предизборната кампања во САД. Ралф Лорен исто така го произведува брендот Поло.

Слични одлуки досега донеле Ејч ен Ем, Зара, Асос, Леви Штраус, како и британската дизајнерка Стела Мекартни, која минатата година учествувала и во кампања против користењето материјали од териториите на домородните заедници и на заштитените шуми.

Бирханала Морган, искусна активистка во Мрежата за дождовните шуми, вели дека во Ралф Лорен немале начин како да го следат потеклото на материјалите пред да се придружат кон иницијативата, но организацијата им помогнала да го развијат.

  • Новата мерка на Ралф Лорен е силна порака кон земјите како Индонезија, каде што производството на овие материјали е уништувачко за шумите и за луѓето што живеат во нив и зависат од нив - вели таа.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет