Центарот за следење китови соопшти дека најстарата женка кит убиец на светот Грени не е видена од почетокот на октомври и се верува дека е загината. Се проценува дека Грени имала повеќе од 100 години.
Истражувачите повеќе од четири децении ги следат орките во океанот недалеку од Сиетл и Ванкувер. Кен Балком, кој првпат ја фотографирал Грени во 1976 година, вели дека не ја има видено од 12 октомври 2016 година.
- Можеби други истражувачи ја имаат видено Грени од тогаш, но таа официјално не е веќе дел од популацијата која ја следиме во северозападниот дел од Пацификот, кај бреговите на Северна Америка, и затоа со жал мораме да соопштиме дека таа е загината - се наведува во соопштението од Центарот.
Грени е позната по документарците за репродуктивната способност на женките цицачи, бидејќи за појавата на менопауза се знае само кај две врсти на китови и луѓето.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS