mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Париз повторно со висока загаденост на воздухот

Париз повторно со висока загаденост на воздухот

Типографија

Париз и парискиот регион повторно се изложени на висока загаденост на воздухот.

Новата епизода на загадувањето на воздухот со штетни честички го погоди во текот на денот целиот париски регион, се наведува во соопштението на Ерпариф, одговорниот организам за следење на квалитетот на воздухот во регионот на Париз. Загаденоста сепак е „помалку интензивна", отколку таа што беше забележана на почетокот на декември.

Интересно е дека во моментов голем дел парижани со возила се заминати на одмор. Сепак, новата епизода на загадување на воздухот со штетни честички го погоди градот и регионот. Градските власти ги повикаа жителите да ги следат нивните пораки за превенција и да го прилагодат нивното однесување. Ситуацијата се очекува да се подобри во текот на неделата.

Како и обично, загадувањето на возухот со штетни честички се влошува во комбиниација со временските услови. Во текот на ноќта, студената почва и недостигот на ветер спречува да се намали загадувањето.

Во соопштението е наведено дека може да се усвојат дополнителни мерки во следните неколку дена, во зависност од развојот на настаните.

  • Градот Париз ги повика сите парижани да ги следат пораките за превенција и да го прилагодат нивното однесување, главно, преку поголема употреба на јавните транспортни мрежи, заеднички патувања или употреба на возила со ниска емисија - се вели во соопштението на Париз.

Покрај бесплатните паркинзи, предвидено е и бесплатно користење на услугите на велосипедите, а за денес како и обично јавниот превоз за новогодишната ноќ е бесплатен.

Загадувањето на воздухот го надмина прагот и во други француски региони, како во долината на Арв, Горна Савоа, каде прагот на загаденоста е надминат веќе 30 последователни дена.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет