mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Бразил: софтвер што открива дали дрвата во продажба се од дива сеча

Бразил: софтвер што открива дали дрвата во продажба се од дива сеча

Типографија

Компаниите што сакаат да купат дрва од Бразил без да ја поттикнуваат нелегалната сеча имаат нова алатка со која што може да се осигураат дека дрвата што им се нудат не се исечени на диво.

Групата за заштита на природата БВ Рио креираше компјутерска платформа наречена Одговорна берза за дрва, која што користи податоци од владините служби и од сателитските снимки и на купувачите и на продавачите им нуди информации околу потеклото на дрвото со кое што тргуваат.

  • Оваа платформа може да го утврди ризикот од појава на нелегално исечени дрва во синџирот на продажба. Сакаме да создадеме пазар што ќе им помогне на купувачите да изберат легални дрва на полесен начин - вели Маурисио де Моура Коста, оперативен директор во БВ Рио.

Според податоците на бразилската Агенција за заштита на животната средина (ИБАМА), дури 90 отсто од обесшумувањето на Бразил се должи на нелегална сеча. Во оваа земја се наоѓаат најголемите тропски шуми во светот. Компаниите што крадат дрва често се вклучени и во други видови криминал, како принуден труд или нелегално одземање земјиште, дури и раселување на домородното население, велат надлежните.

Како што вели Коста, досега на оваа берза биле објавени повеќе од 200 понуди, а заинтересираните компании барале да купат различни количества легално дрво. Иако платформата влева надежи дека ќе придонесе во борбата против нелегалната сеча, од друга страна има тврдења дека таа премногу се потпира на податоците од Владата, кои што можат да бидат манипулирани од софистицирани криминалци.

  • БВ Рио можеби ги следи документите, но проблемот е што не се знае дали тие документи се точни - вели Даниел Бриндис од организацијата Гринпис.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет