Во Франција од почетокот на декември се регистрирани 52 жаришта на болеста птичји грип, од кои дури 47 само минатиот петок.
Според француското Министерството за земјоделство, живинаските фарми во кои е регистирана болеста се наоѓаат во седум департмани и тоа Ландес, Тарн, Жерс, Лот е Гарон, Пиренеи-Атлантик, Горни Пиринеи и Долна Рајна. Покрај ова, регистиррани се уште пет жаришта на места на кои се собираат диви птици и тоа во департманите Па-де-Кале, Горна Савоја, Тарн и Ла Манш.
Според податоците на Платформата што го следи здравјето на животните во Европа, вирусот на птичјиот грип Х5Н8 е регистриран во 13 европски земји, вклучувајќи ја и Франција. Се претпоставува дека вирусот го пренеле птици преселници.
Вкупниот број на пријавени случаи на вирусот во Европа, според оваа Платформа, е 406, од кои 245 кај диви птици, 155 кај домашните и шест случаи кај птици во зоолошки градини. Најпогодена земја е Унгарија со 120 жаришта на птичјиот грип. Во Франција, првиот нов случј на птичји грип беше регистрирано на 2 декември на фарма за патки во Тарн во југозападна Франција, каде се наоѓаат најголемите капацитети за производство на паткина паштета.
Француските власти таму открија жариште на птичји грип од типот на вирусот Х5Н8, кој важи за „високо патоген" за птиците. Претходно, првиот случај на вирусот кај диви патки беше откриен во северниот дел на Франција во Па-де-Кале, само неколку дена по откривањето на неколку случаи на болеста во соседните земји на Франција, главно кај птици преселници.
Во Франција регистрирани 52 жаришта на птичји грип
Типографија
- Font Size
- Default
- Режим читање