Снежно невреме предизвка сериозни проблеми во одвивањето на сообраќајот во северниот дел на Јапонија, каде поради обилниот снег останаа блокирани неколку илјади лица.
Јапонската Метеоролошка агенција соопшти дека во реонот на зимскиот центар Сапоро на островот Хокаидо, снежната покривка достигнала до еден метар, што претставува рекорна висина на снегот во изминативе 50 години.
Поради обилниот снег затворен за сообраќај е најголемиот аеродром на Хокаидо, „Читосе“, па околу 2,600 патници минатата ноќ ја минаа заглавени во аеродормската зграда.
Снежното невреме предизвика прекини и во железничкиот сообраќај на Хокаидо, а непроодни се и повеќе локални патни правци.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS