Во малиот алжирски град Аин Сефри во пустината Сахара падна снег и тоа првпат од 1979 година.
Аматерскиот фотограф Карим Бучетата ги забележал со фотоапаратот неверојатните сцени на сахарскиот песок покриен со снег.
Локалните жители биле изненадени и изјавиле дека снежната покривка се задржала во текот на целиот ден.
Последен пат снегот тука падна во февруари 1979 година, кога снежната бура траела цел половина час.
- Изгледаше неверојатно. Сите стоеја и го гледаа паѓањето на снегот, имајќи предвид дека во пустина тоа е ретка појава - рече Карим.
Сахара го покрива речиси целиот дел од северна Африка и последните неколку стотици илјади години поминала низ различни промени. Се очекува дека повторно ќе стане плодна почва за 15.000 години.