mksqen

Денеска почнува зимата

Денеска почнува зимата

Типографија

Зимата во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне денеска во 11.44 часот по средноевропско време.

Во исто време на јужната Земјина полутопка ќе почне летото.

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6.58 часот, а ќе зајде во 16.05 часот. Денот ќе трае 9 часа и 7 минути.

Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат сончево и студено време со слаб ветер. Минималната температура ќе се движи од минус 11 до минус 5, а максималната од 3 до 9 степени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет