Променливите врнежливи сезони го прават земјиштето необработливо и ја прошируваат пустината во порано плодниот регион Гедареф во Судан.
Станува збор за област која е полна со амбари за просо, сусам и за други житни култури, но нивното одгледување станува се` потешко поради обесшумувањето на околните области и поплавите.
Невообичаено високото количество на врнежи предизвикало резервоарите за вода да се прелеат, а надојдената вода да го измие плодното земјиште.
- Климатските промени влијаеа врз интензитетот на врнежи. Кога ги има многу, има брзи и силни порои. Тие ја расипуваат почвата. Оваа земја не може да се обработува, бидејќи ги загубила плодните слоеви - вели Ел Гамри, проект-координатор на суданскиот Висок совет за животна средина и природни ресурси.
Во 2015 година во Гедареф паднале 70 милилитри дожд на квадратен метар. Досега годинава паднале 600 милилитри. Тоа предизвикувало поплави, по кои следувало опустинување на земјиштето.