mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Змијата Зиги Стардаст меѓу новите видови откриени покрај Меконг

Змијата Зиги Стардаст меѓу новите видови откриени покрај Меконг

Типографија

Вкупно 163 нови животински видови се откриени во регионите низ кои тече реката Меконг, која поминува низ повеќе држави во Југоисточна Азија и е една од најголемите во регионот.

Најголем хит од новооткриените видови е змија со глава во боите на виножитото, која е наречена според Зиги Стардаст, лик од песните на Дејвид Боуви. Била најдена на стрмни карпести предели во северните делови на Лаос, и иако прво се сметало дека живее само на таа локација, била најдена уште една во подалечен регион. Ова ги зголемува шансите за опстанок на видот.

Бил пронајден и нов вид лилјак со густо крзно на главата и на предните екстремитети. Меѓу поинтересните видови е и гуштер најден во областа Пукет, со рогови на главата и на рбетот. Најден е во една од малкуте преостанати шуми на островот, кој е популарна туристичка дестинација. Загрозен е поради загуба на живеалиштето и поради илегалната трговија со миленичиња.

Во северен Тајланд, пак, е најден редок вид банана, кој се смета за критично загрозен поради обесшумувањето и поради тоа што само неколку растенија се најдени. Но пронајдената нова мала популација на овие растенија ги зголемува шансите за нивниот опстанок.

Нов вид жаба е најдена во Камбоџа и во Виетнам, долга три сантиметри. Опстанокот и е загрозен поради сечата на шумите, ширењето на земјоделските површини и хидроелектричните проекти.

Едно растение најдено на ридовите Чин во североисточен Мјанмар, пак, е знак дека богатиот биодиверзитет на оваа земја исто така треба да се заштити, иако властите се повеќе ги отвораат портите за развојни проекти.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет