mksqen
24
Вто, Дек
0 Нови / 7 дена

Во делови од Русија температура од мину 47 степени Целзиусови

Во делови од Русија температура од мину 47 степени Целзиусови

Типографија

Два лета од рускиот град Нојабрск во Јамало-ненецкиот автономен округ во Сибир , се откажани поради екстремно ниските температури кои достигнаа до минус 47 степени  Целзиусови.

Експерти од руското Министерство за вонредни состојби велат дека студот е причина и за дваесетина хаварии и пожари кои настанале во уралската Свердловска област.

Во главниот град на Јужен Урал, Челебинск, вечерва се очекува живата на термометарот да се спушти на минус 31 Целзиусов степен.

Алармантна е состојбата и во кавкаскиот регион.

Локалните метеоролози прогнозираат дека ваквата состојба ќе продолжи до 23 декември.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет