Земјотрес со интензитет од осум степени според Рихтерова скала го погоди подрачјето во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја.
Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека е можна појава на високи бранови во широката зона.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Епицентарот на потресот се наоѓал во област 157 километри источно од Рабаул, соопшти Американскиот геолошки завод.