mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Загадувањето донесе бесплатен јавeн превоз во Варшава

Загадувањето донесе бесплатен јавeн превоз во Варшава

Типографија

Главниот град на Полска, Варшава им понуди на жителите бесплатен јавен превоз во обид да ги стимулира да ги остават возилата поради високото ниво на загадување на воздухот.

Полска користи големи количини јаглен за индустријата и затоплувањето на домовите. Поради тоа земјата е втора по загадувањето на воздухот во Европа, по Бугарија, според извештајот за квалитетот на воздухот во 2016 година на Европската агенција за животна средина.

Градскиот совет на Варшава посочи дека прогнозите за високото загадувањето на воздухот се должат на комбинацијата на студеното време, кое доведува до зголемување на потребите за затоплување и слабото струење на воздухот.

Властите на Варшава, која има 1,7 милиони жители ги повикаа постарите лица, децата, оние кои страдаат од астма, заболувања на срцето и на органите за дишење да избегнуваат подолг престој на отворено.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет