Емисиите на моќниот стакленички гас метан се зголемија во последните десет години.
Ова го покажува новиот извештај, цитиран од британскиот весник "Гардијан" и други светски агенции. Научниците се изненадени од трендот со метанот, кој почнува пред повеќе во 2007 година, а потоа се зголемува уште во 2014 и 2015 година кога концентрациите на метан во атмосферата само за овие две години се зголеми за повеќе од 20 честички на милијарда , со што вкупниот број порасна на 1.830 ppb.
Тоа е причина за загриженост меѓу истражувањата за глобалното затоплување. Емисиите на овој гас ја затоплуваат планетата со над 20 пати повеќе во споредба со слични количини на јаглерод диоксид.
Во исто време, се стабилизираат емисиите на јаглерод диоксид кои се главната компонента на стакленичките гасови во атмосферата, предизвикан од човечка активност. Новото истражување покажува дека светските обиди за контрола на штетните гасови не го зеле во предвид сериозниот пораст на метанот.
Авторите на извештајот „Global Methane Budget 2016“ утврдиле дека во првите години на овој век концентрациите на метан се зголемиле за само околу 0,5 ppb годишно, во споредба со 10 ppb во 2014 година и 2015 година
Научниците претпоставуваат дека земјоделството можеби е главниот извор на растечките количества метан. Во исто време тие не можат да бидат сигурни за сите извори, поради недостаток на мониторинг.
Најмалку една третина од метанот доаѓа од користењето на фосилни горива и екстракција на нафта и некои рударски индустрии, каде што метанот е отпаден гас.
За разлика од емисиите на јаглерод диоксид, кои биле следени во различни начини од 1950 година, емисиите метан се слабо истражени.