mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Британските лекари против дизел возилата на улиците во Лондон

Британските лекари против дизел возилата на улиците во Лондон

Типографија

Лекари, други здравствени работници и студенти по медицина, заеднички покренаа кампања „Лекарите против дизелот“ со цел да се забрани користењето на дизел возилата низ улиците на Лондон.

Активистите на кампањата откриваат дека секоја година, во британскиот главен град умираат по 9.400 лондончани, како последица на болести предизвикани од вдишувањето на отровните издувни гасови, од дизел моторите.

Кампањата доаѓа по соопштението на градоначалниците на Париз, Мадрид, Атина и Мексико Сити, дека до 2025 година ќе забранат возење на автомобили со дизел мотори низ градските улици.

„Лекарите против дизелот“ бараат од градоначалникот на Лондон, Садик Кан, да определи фази, по кои ќе се повлечат сите дизел возила од улиците во градот.

Водачите на кампањата тврдат дека 40 отсто од загаденоста во британскиот главен град е последица на дизел возилата.

Противниците на оваа кампања тврдат дека целата нивна акција е „непрактична“, а дека целосната забрана би можела да има повратен ефект.

Слична е реакцијата и на Здружението на производителите и продавачите на моторни возила во Британија кои уверуваат дека автоиндустријата вложува „милијарди“ за создавањето „еколошки чисти мотори“.

Од ова здружение тврдат дека најновите филтри успеваат да запрат 99 отсто од штетните материи што се создаваат при согорувањето на дизел горивото и предупредуваат дека забраната е практично неизводлива, бидејќи 99 отсто од британските комерцијални возила се со дизел мотори.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет