mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Ветерните турбини може да имаат корисни ефекти за земјоделски култури

Ветерните турбини може да имаат корисни ефекти за земјоделски култури

Типографија

Научник од Државниот универзитет во Ајова, САД, во годишната студија сугерира дека ветерните турбини може да имаат позитивно влијание врз земјоделските култури.

Џин Такл, истакнат професор по агрономија и геолошки и атмосферски науки, вели дека ветерните турбини создаваат турбуленцијата од воздухот што може да им помогне на растенијата.

Такл и неговиот истражувачки тим инсталирале турбини на една фарма меѓу Редклиф и Коло и собирале податоци од 2010 до 2013 година. Податоците се однесувале на брзината на ветерот и насоката, температурата, влажноста, турбуленциите, содржината на гас и врнежите. Податоците во проектот имале за цел да откријат како ветерот движејќи се низ турбините прави турбуленции кои влијаат на земјата каде расте житото.

Такл вели дека податоците на тимот покажуваат дека ветерни турбини имаат мерливо влијание на неколку клучни варијабли. Според него, тие може да ги направат поповолни условите за одгледување пченка и соја.

Тој додава дека турбините може да ја променат температурата на областа. Податоците на тимот покажуваат дека турбуленциите произведени од ветерните турбини може да ја променат температурата на поладно за околу половина степен во текот на денот и помеѓу половина до еден степен на потопло во текот на ноќта.

- Тоа е затоа што турбуленцијата од воздухот се меша во различни надморски височини. Мешањето ја лади површината на земјата за време на дневните часови, затоа што како вентилатор дува на влажна површина. Но, во текот на ноќта, како што земјата губи топлина, мешање носи топол воздух на полињата, што резултира со ефект на затоплување - вели Такл и додава дека турбуленциите, исто така, го оневозможуваат создавањето на росата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет