Градското собрание на Париз привремено ќе ги затвори парковите во француската престолнина со цел да се застане на патот на големиот број стаорци.
Веќе се затворени пет паркови, а наскоро ќе биде затворен и паркот Шам де Марс, во близина на Ајфеловата кула.
Соодветните служби тврдат дека популацијата на стаорци се зголемила поради големото количество ѓубре.
Кампањата на париските власти вклучува поставување замки и апел до јавноста да не ги храни стаорците и гулабите. Се планира и редизајнирање на корпите за отпад за глодарите да не можат да влезат во нив.