mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Освен ОПЕК и други земји ќе го намалат производството на нафта

Освен ОПЕК и други земји ќе го намалат производството на нафта

Типографија

Сите производители на нафта надвор од ОПЕК, кои учествуваа на средба во Виена, ја потврдија подготвеноста да го поддржат картелот, соопшти иранскиот министер за нафта Биџан Намдар Зангане.

  • Земјите надвор од ОПЕК ќе започнат да го намалуваат производството од 1 јануари 2017 година, како и земјите членки на организацијата - рече Зангане.

Претходно рускиот министер за енергетика Александар Новак изјави дека Москва е подготвена да го намали нафтеното производство за 300 илјади барели на ден.

  • Учесниците на средбата се оптимисти, нема ризици за неуспех на договорот - истакна ирачкиот министер за нафта Џабар ал Лаиби.

На 30 ноември, првпат по осум години, ОПЕК одлучи да го намали производството на 32,5 милиони барели дневно. Така, од 1 јануари 2017 година, производството на членките на картелот ќе се намали за 1,164 милиони барели на ден.

Сега претстои таков договор да биде склучен и со производители надвор ОПЕК, од кои се очекува да го намалат производството за 600 илјади барели дневно од 2017 година. За Русија, овој индикатор треба да биде 300 илјади барели.

Целта е да се поддржи цената на оваа суровина, која значително се намали.

  • Венецуела се надева да свика состанок на ОПЕК со земјите надвор од картелот во средината на февруари, за да биде разгледана формулата на стабилизирање на нафтениот пазар - изјави венецуелскиот министер за нафта и рударство Еулохио дел Пино.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет