Комисија на јапонската Влада соопшти дека проценките за трошоците за чистење на нуклеарната електрана во Фукушима се зголемени на речиси 190 милијарди долари.
Се проценува дека трошоците за престанок на работата на нуклеарката ќе растат. Во нивната анализа се вели дека дел од трошоците ќе се зголемат од сегашните 17,5 милијарди долари на 70 милијарди долари поради пораст на трошоците за работниците и изградба.
Според нив, тие цифри може да продолжат да растат кога експерти ќе се запознаат повеќе со штетата на нуклеарните реактори и утврдувањето на методите за собирање на горивото. Зголемени се и трошоците за компензација како и за деконтаминација на областа и складирање на отпадот.
Нуклеарната електрана се соочи со низа несреќи и откажување на работа на уреди по земјотресот и цунами кои ја погодија Јапонија во 2011 година.