Земјотрес со интензитет од 7,7 степени според Рихтерова скала е регистриран во област на околу 70 километри од Соломонските Острови, соопшти американскиот Геолошки институт.
Првично било објавено дека јачината на земјотресот била осум степени.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, но според Тихоокеанскиот центар за предупредување од цинами е соопштено дека постои опасност да се формираат високи цунами бранови кои би можеле да ги погодат бреговите на Соломонските Острови, Вануату, Папуа Нова Гвинеја, Науру, Нова Каледонија, Тувалу и Косрае.
Епицентарот на потресот се наоѓал на 204 километри југоисточно од главниот град Хонијара, на длабочина од 40 километри под површината на земјата.