Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди западниот кинески регион Сичуан, соопшти Геофизичкиот институт на САД, јави БТА.
Епицентарот на земјотресот бил на 50 километри јужно од градот Шахци, на длабочина од 55 километри.
Нема информации за жртви или за причинета материјална штета.