mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Загаденоста во Париз е најголема во последните десет години

Загаденоста во Париз е најголема во последните десет години

Типографија

Во Париз е забележана најголема и најдолготрајна загаденост во зимскиот период во последните, најмалку, 10 години, соопшти агенцијата „Ерпариф“ која го мери нивото на загаденост.

Тоа е последица на комбинацијата од емисии на издувни гасови од автомобилите и чадот од домаќинствата кои се греат со користење на цврсто гориво.

Исто така, на високото ниво на загаденост во Париз придонесуваат и метеоролошките услови, каде речиси воопшто нема ветер, што значи дека загадувачките гасови не можат да се растераат, објаснува агенцијата „Ерпариф“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет