Деведесет и девет лица загинаа во каттастрофалниот земјотрес кој ја погоди индонезиската провинција Ачех, наведе претставникот на локалните власти Саид Мулјади.
Речиси 300 лица се повредени, од кои 73 се во тешка состојба.
Урнати се најмалку 125 згради, 105 продавници и 14 џамии.
Локалните телевизии прикажаа снимки од округот Пидие Џаја, кој беше најсилно погоден од земјотресот, на кои се гледаат куќи и згради сраменти со земја.
Земјотресот бил почувствуван по 5 часот по локално време со епицентар на 18 километри североисточно од Мидае Џаја, на длабочна од 10 километри, соопшти индонезискиот геофизички институт.