Изградбата на морската делница на проектот за гасоводот „Турски поток“ ќе почне во втората половина на следната година, изјави претседателот на „Газпром“ Алексеј Милер по преговорите во Москва меѓу турскиот и рускиот премиер, Бинали Јилдирим и Дмитриј Медведев.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го потпиша законот за ратификување на договорот со Русија за изградба на гасоводот „Турски поток“. На тој начин Турција конечно го ратификува договорот.
Јилдирим истакнува дека турскиот Парламент минатата недела го одобрил законот за ратификување на договорот, но сега се очекува рускиот Парламент да го направи истото.
Според проектот, гасоводот ќе минува по дното на Црно Море до европскиот дел на Турција и границата со Грција. Должината на морската делница ќе биде околу 910 километри, а на копнениот дел 180 километри. Вредноста на проектот изнесува 11,4 милијарди евра.